Почина Дејвид Белами, авторот на најпопуларните документарци

765

Легендарниот британски природонаучник и автор на популарни документарни серии Дејвид Белами почина на 86 години во Лондон.

Како автор и водител, тој се појави во голем број документарни серии и емисии од областа на ботаника, екологија и животна средина, станувајќи едно од омилените ТВ-лица. Беше иницијатор и за најпопуларната документарен серијал „Опстанок“, но несакаше да се појавува во улогата на наратор, туку тоа го препушти на славните актери од шеесетите години.

Тој студираше и подоцна предаваше ботаника, пред да се прослави со известувањето за инцидент со излевање нафта во 1967 година, што беше вовед во неговата богата телевизиска кариера.

Во последните години тој беше критикуван за неговите ставови за глобалното загревање, за кое кажа дека не верува во сегашните теории.

Фото: EPA/Paul Hennessy

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...