Почина девојче затворено во топло возило од дадилка во Њу Мексико, мајката имала шест спонтани абортуси

Двегодишната Зарија Хашим починала откако била оставена во возило седум часа.

477
ФОТО: КОБ4

Дете на пар, кој претходно имал шест спонтани абортуси, било оставено да умре во топло возило од страна на дадилка, соопшти полицијата, пренесува „Метро“.

Двегодишната Зарија Хашим починала откако била оставена во возило седум часа.

Нејзината дадилка, 41-годишната Тами Брукс требало да ја однесе во градинка, но ја заборавила во автомобилот во Њу Мексико кога отишла на работа во 6.30.

– Не би ја посакала оваа болка ниту на најлошиот непријател. Имав шест спонтани абортуси пред да ја добијам неа. Се сеќавам дека се молев секој ден, постојано – изјавила мајката за КОБ4.

Таткото на Зарија го опишал моментот кога дознал што се случило.

– Ја слушнав Деми како вреска на другата линија, кажувајќи ми дека Зарија е мртва. Не знаев што да правам. Може да се заборави пенкало, но како да заборавиш дете во возило? – вели тој.

ФОТО: КОБ4

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...