Почина внуката на Тони Брекстон, пронајдена на подот во кујната ФОТО

Тони Брекстон се наоѓа на патување поради работата и сè уште не се огласила за смртта на внуката.

1154

Лорен Брекстон, внуката на пејачката Тони Брекстон (51), починала на 24 години, пренесува „Дејли мејл“. Во понеделникот околу пладне ја пронашле пријателите и семејството во нејзината куќа во Мериленд. Причината за смртта е престанување на работењето на срцето, но не е познато поради што.

Во полицискиот извештај пишува дека пријателката на Лорен разговарала со неа во кујната и отишла на горниот кат во куќата на само 10 минути. Кога се вратила во кујната, ја пронашла Лорен на подот која не реагирала.

Тони Брекстон се наоѓа на патување поради работата и сè уште не се огласила за смртта на внуката.

Таткото на Лорен, Мајкл Конрад Брекстон (50), е исто така, пејач и текстописец.

FOTO: Printskrin/Instagram

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...