На 67-годишна возраст почина еден од најпознатите актери на македонската театарска и филмска сцена, Ванчо Петрушевски.
Веста за неговата смрт на својот профил на Фејсбук ја пренесе директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски.
– Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме – напиша на својот фејсбук-профил директорот на Драмски театар.
Тој исто така беше и истакнат член на движењето „За заедничка Македонија“.
Има одиграно голем број улоги на сцената на Драмскиот театар, во телевизиски драми, емисии, како и во Македонските народни приказни.