Поранешниот директор на Националниот историски музеј во Софија, историчарот Божидар Димитров, почина денеска на 72-годишна возраст, јавија бугарските медиуми.
Бугарските медиуми јавуваат дека Димитров починал пред зградата во која живее, додека ја чекал ќерката, која денеска имала роденден, да помине и да ги земе родителите за да одат и заедно да прослават. Тој одеднаш се фатил за градите и паднал на земјата.
Се претпоставува дека станува збор за белодробна емболија.
Димитров беше министер без ресор, одговорен за Бугарите во странство во првиот кабинет на Бојко Борисов, кој меѓу првите на Фејсбук изрази сочувство до семејството на Димитров.