Една од најдобрите интерпретаторки на севдалинки во БиХ, Беба Селимовиќ почина утрово во Сараево, на 80-годишна возраст, потврди нејзиното семејство.
Нејзиниот сопруг истакнал дека Беба Селимовиќ била чувар на севдалинките, кои најмногу ги сакал и на кои им го посветила животот и кариерата. Многумина Беба ја нарекуваа Дамата на севдалинката, поради нејзиниот сериозен однос кон професијата, како и поради нејзиното сериозно однесување на естрадата.
Селимовиќ е добитничка на многу признанија и благодарници за музичкиот успех и помошта во хуманитарните концерти.