Актерот Арон Ајзенберг познат по улогата во „Ѕвездени патеки“, почина на 50 годишна возраст. Арон во познатата серија го толкуваше ликот на Ференги Ног.
Тажната вест ја објави неговата сопруга Мелиса Лонго на својот Фејсбук-профил.
„Со голема тага објавувам дека мојата љубов и најдобар пријател Арон Ајзенберг почина. Беше чувствителен, духовит и грижлив. Додека нашиот брак на хартија беше краток, нашите срца беа заедно подолго време. Благодарна сум за времето што го поминавме заедно“, напишала Мелиса, со која актерот тајно се ожени пред неколку месеци.
Двојката била во брак од декември 2018 година.
Иако сè уште не се знае причината за смртта, познато е дека Арон со години имал проблеми со здравјето.
Во едно поранешно интервју за StarTrek.com, зборувал за тоа дека го очекува втора трансплантација на бубрегот. Рекол тогаш, дека е роден со еден бубрег, кој бил оштетен и дека првата трансплантација ја имал на 17-годишна возраст.
Втората трансплантација била извршена во 2015 година, поради што актерот, како што тогаш изјавил, чувствувал голема благодарност, бидејќи успеал да пронајде донор.
Исклучително популарната серија, во која Ајзенберг глумеше во 40 епизоди, се емитуваше од 1993. до 1999 година и оттогаш е репризирана многупати.
FOTO: Fejsbuk/Jutjub/Printskrin