Почина актерот од филмовите „Лудиот Макс“ и „Големиот Гетсби“

Австралискиот актер починал по кратка болест, пренесуваат странските медиуми.

1085

Австралискиот актер Ричард Картер починал на 65-годишна возраст од животот, по кратко боледување, пренесоа светските медиуми.

– Со голема тага соопштуваме дека иконата на австралискиот филм Ричард Картер почина во саботата наутро по кратка болест“,

Ричард беше забележан од страна на публиката поради улогите во неколку филмови, а најмногу се истакнал во насловите како „Танц на малиот пингвин“, „Големиот Гетсби“, „Бејб: Прасе во градот“ и „Лудиот Макс: Патот на бесот“.

Ричард зад себе ги оставил ќерката Ејми и сопругата Линдзи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...