Актерот Бруно Ганц, препознатлив по впечатливата улога на Адолф Фитлер во филмот „Хитлер: Конечен пад“ во 2004 година, почина во Цирих.
Тој почина на 77-годишна возраст по подолго боледување од рак.
Тој беше еден од најпознатите и најценетите актери од германско говорно подрачје.
Ганц, како на филмското платно, така беше популарен и во театарот, но најмногу ќе остане запаметен по споменатата улога на Хитлер.
Последен пат снимаше лани, кога играше лик во хорор филмот „The House That Jack Built“.