Актерот Божидар Боле Стошиќ починал вчера во болница во Белград на 82-годишна возраст по долга и тешка болест.
Кариерата долга повеќе од половина век ја започнал како Боле од бурето во детската емисија „Илјада зошто“, а последен пат на сцена заиграл во мјузиклот „Фантомот од опера“ во реномираниот белградски театар „Позориште на Теразија“.
Во последното интервју за „Курир.рс“ открил дека единствено не играл во серијата „Подобар живот“, иако бил миленик на писателот Синиша Павиќ, бидејќи неговиот колега Миодраг Петровиќ Чкаља не сакал да снима со него.
Актерката Јелисавета Сека Сабљик му била девојка на Боле кога првпат застанале на сцената на театарот „Бошко Буха“.