Слатки празнични подароци со француски шик во срцето на Скопје (ГАЛЕРИЈА)

Изборот на „макароните“ е голем и разновиден, ги воодушевува и најпребирливите вкусови, а тука се и оригиналните декоративни амбалажи кои нудат бројни решенија и идеи кои дополнително го прават подарокот единствен за личноста за која е наменет.

798

Има толку многу големи и мали моменти во животот кои вредат да се прослават – со слатките од Marfi Cake&bakery кои идеално се вклопуваат во животните задоволства.

Од 1992 година Marfi Cake&bakery ја дели својата љубов и страст за преубави и превкусни слатки креации со своите бројни обожаватели. Посветената работа, постојаното изнаоѓање на нови вкусови и текстури, инсистирањето на врвни производи изработени од внимателно одбрани состојки, вклучувајќи и свадбени „макарон“ торти, направија од оваа локација „фенси“ место за слатки дружења. Сте слушнале за „макаронс“, нели? Секако, дека сте чуле за овие тркалезни, разнобојни колаченца кои се еден од синонимите на француската врвна гастрономија. Името им доаѓа пак, од италијанскиот јазик, од „макароне“ што значи изматена белка од јајце. За вкусот, не треба да дискутираме. Ниту да го објаснуваме.

Многу дебати гастрономите водеа на темата „макаронс“. Според Larousse Gastronomique, „макаронот“ е создаден во 791 година во манастир во близина на местото Кормери. Некои од гастрономите тврдат дека француското потекло на ова „слатко богатство“ има историја во доаѓањето на италијанските готвачи на тестенини кои Катерина де Медичи ги донела со неа, во Франција. Во 1792 година, „макаронот“ почнал да се здобива со слава кога две калуѓерки од Кармелита, барајќи азил за време на Француската револуција, печеле и продавале вакви колачиња за да си го платат престојот. Останале запаметени како „сестрите макарон“. А во тие рани фази, „макароните“ биле служени без посебни вкусови или филови.

Денес, друга приказна. Изборот на „макароните“ е голем и разновиден, ги воодушевува и најпребирливите вкусови, а тука се и оригиналните декоративни амбалажи кои нудат бројни решенија и идеи кои дополнително го прават подарокот единствен за личноста за која е наменет. Може да одберете „макаронс“ со 24, 9 или со 6 различни вкусови во стилски пакувања, а може пак, во мини пакување, да се одлучите да подарите два-три дури и еден „макарон“. Симболично, ама порака, и од срце.

Тешко е да ве советуваме што да одберете и купите, идеално би било да ги вкусите сите, но можно е да одберете какви и колку сакате! Дури и ако е само еден „залак“ како празник за вашето непце, доколку случајно минувате покрај прекрасниот излог на Marfi Cake&bakery во центарот на Скопје. Љубезните продавачи дополнително ќе ви ја разгорат страста кон „макароните“ со своите предлози.

Ако сѐ уште не сте размислувале за новогодишни или божиќни подароци, или можеби, подарок за големиот празник Свети Никола, еве ја оригиналната идеја што сигурно ќе го олесни изборот и од него ќе направи вистински свечен ритуал.

А, наш предлог за компаниите е дека овие „макарони“ би биле совршени за корпоративен подарок. Сладоста пред сѐ!

Marfi Cake&bakery

Млечен ресторан 023 101 200

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...