Пеги Липтон, позната по улогата на Норма Џенингс од серијалот „Твин Пикс“ починала во 72. година од животот.
Славната актерка е родена на 30 август 1946 година во Њујорк, а на само 19-годишна возраст првпат се појавила во телевизиската серија.
Пеги умрела по борбата со ракот, соопштиле нејзините ќерки.
Пеги е добитничка и на наградата Златен глобус и се занимавала со важни општествени и табу теми, како абортус, употреба на дрога итн…
Со музичарот Квинси Џоунс била во брак од 1974. до 1990 година и со него има две ќерки, Рашида и Кидада.
FOTO: Vikipedija
FOTO: Printskrin