Почина актерката која го позајмуваше гласот на Мини Маус и во „Симпсонови“

594

Актерката која уште од 1986 година го позајмуваше гласот на Мини Маус, Раси Тејлор, во петокот починала на 75-годишна возраст во Калифорнија, САД.

Тажната вест денеска ја соопштија од компанијата „Волт Дизни“.

Во соопштението тие наведуваат дека тие имале успешна соработка повеќе од 30 години, соработка од која се забавувал целиот свет, а Мини Маус прераснала во глобална икона.

Тејлор за да ја освои аудицијата за гласот на Мини Маус победила повеќе од 200 кандидати.

Меѓутоа, таа не е позната само по ова. Нејзиниот глас го позајми и во серијата „Симпсонови“. Во повеќе од 100 епизоди, нејзиниот глас се слуша во ликовите на Мартин Принц и на близнаците Шери и Тери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...