Почина Агого, поранешниот репрезентативец на Гана

296

Поранешниот репрезентативец на Гана, Мануел Јуниор Агого почина на 41 година во Лондон.

Агого во 2015, три години откако ја заврши кариерата, доживеа срцев удар. Засега нема информации од што починал.

Агого поголемиот дел од кариерата ја помина во Англија. Тој играл и во Америка, Египет, Кипар и во Шкотска.

Дресот на репрезентацијата на Гана го носел 27 пати и постигнал 12 голови во период од 2006 до 2009 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...