Почина авторот на „Пинки и Мозокот“ и „Аниманијаци“

Бресак ги пишуваше и сценаријата за „Аниманијаци“, „Џими Неутрон“, „Нинџа желки“, „Штрумфови“ и многу други проекти.

196

Авторот на легендарната цртана серија „Пинки и Мозокот“, сценаристот Гордон Бресак почина викендов, на 68-годишна возраст. Тажната вест на Инстаграм ја објави неговиот син Џејмс Кален Бресак.

„Нема зборови со кои може да опишам како се чувствувам во овој миг. Ти ми беше ментор, мој партнер во пишувањето, мојот херој, најдобриот пријател, но пред сѐ – ти ми беше татко“, напишал Џејмс, кој исто така, е сценарист и продуцент.

Бресак ги пишуваше и сценаријата за „Аниманијаци“, „Џими Неутрон“, „Нинџа желки“, „Штрумфови“ и многу други проекти.

За „Пинки и Мозокот“ доби и две „Еми“ награди, во 1999. и 2000 година.

FOTO: MIA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...