Поранешниот љубовник на принцезата Дијана, Оливер Хоаре (73), починал во Франција по повеќегодишната борба со тешката болест.
Оливер Хоаре бил трговец со уметнички дела и инаку долгогодишен пријател на принцот Чарлс, но и опсесија и голема љубов на принцезата Дијана.
Како што се шпекулира, Дијана и Оливер ја отпочнале аферата по смртта на таткото на Дијана, Ерл Спенсер, во март 1992 година.
Нивната афера завршила кога неговата сопруга се заканила со развод и тоа откако обезбедувањето на палатата наводно го пронашол Оливер полугол како се крие зад едно дрво на имотот и пуши.
Дијана ѝ се доверила на една своја пријателка дека нејзин животен сон е таа и Оливер да побегнат од сè и да одат да живеат во Италија и да уживаат.
Како што наведуваат британските медими, Дијана по завршувањето на врската го вознемирувала со телефонски повици и почнала да го прогонува. Неговата сопруга повикала полиција, бидејќи деноноќно им ѕвонел телефонот и тогаш се открило дека повеќе од 300 повици пристигнале токму од домот на Дијана. По таа случка, полицијата соопштила дека истрагата е прекината на барање на господин Оливер Хоаре.
ФОТО: Јутјуб