Починал сопатникот во „БМВ“-то, ги удрил шлепер додека застанувале пред полициска контрола, повредени и полицајци

Несреќата се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола, го кренал знакот СТОП за да стопира автомобил марка „БМВ“. Автомобилот почнал нагло да кочи поради што во него удрил шлепер, што бил одзади. По силниот удар автомобилот удрил дирекно во полициското јети по што се запалил.

5926
FOTO Printskrin

Едно лице починало во тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на скопската обиколница, а неофицијално четири лица се повредени и се хоспитализирани , пренесе Вечер.

Несреќата се случила кога полицаец, кој вршел редовна контрола, го кренал знакот СТОП за да стопира автомобил марка „БМВ“. Автомобилот почнал нагло да кочи поради што во него удрил шлепер, што бил одзади. По силниот удар автомобилот удрил дирекно во полициското јети, по што се запалил.

Меѓу повредените има и полицајци.

Увидот на местото на несреќата сѐ уште трае.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...