Починал на трактор и излетал во река

112

Седумдест и четиригодишен скопјанец, вчера во село Ќоселери управувајќи трактор починал и излетал во река.

Како што соопшти МВР, С.П. во периодот од 10.30 до 11 часот на некатегоризиран пат во село Ќоселери, општина Лозово, управувајќи трактор „ИМТ 533“ починал на тракторот, изгубил контрола и излетал во река.

Смртта била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе. Увид на местото извршила екипа од Полицската станица Свети Николе, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...