ПОЦ лепи казни, внимавајте каде паркирате!

Вчера била извршена детална контрола во Зона 1 и Зона о1 и биле санкционирани 162 непрописно паркирани возила,

1146

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, заeдно со надлежните служби од вчера на терен почнаа да вршат зајакнати контроли на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

Екипите на ЈП ПОЦ секојдневно ќе ги санкционираат сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на паркиралиштата со цел да се реши проблемот со нeправилното паркирање и сообраќајниот метеж во Општина Центар.

Во текот на вчерашниот ден беше извршена детална контрола во Зона 1 и Зона о1 и беа санкционирани 162 непрописно паркирани возила, а во наредниот период контролите ќе продолжат и на другите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...