Познатата американска актерка Селма Блер (47) веќе подолго време се бори со мултипла склероза.
Таа во последните години како што болеста напредувала, буквално поминувала низ пекол, а на крајот остана и без коса. Како што кажала и самата, првите симптоми почнале да се јавуваат уште од 2011 година што е истата година кога го добила својот син Артур.
Кога лекарите ѝ ја дијагностицирале болеста актерката за сè храбро проговори за да ја подигне свеста кај луѓето за таа болест.
Храбрата Селма признава дека често се чувствувала многу лошо и дека работите ѝ паѓале од раце, но дека сето тоа таа го препишувала на својата несмасност.
Поради хемотерапиите исто така почнала да ѝ паѓа и косата па убавата актерка одлучила целосно да ја избриче својата глава.
Сега била фотографирана по улиците на Лос Анџелес, со седа коса и очигледно во силни болки.
Фотографирана е како се држи за стомакот додека со своето момче се обидела да руча во некој познат ресторан.
Меѓутоа, бидејќи редот бил долг таа не можела да стои и да чека па продолжиле понатаму.
– Средствата за ублажување на симптомите не ми помогнаа и се чувствувам многу лошо – рекла актерката во октомври 2019 година, наведувајќи дека ѝ препорачале да се подложи на агресивна хемотерапија.
FOTO: Instagram/Printskrin