Потпишан меморандум за помош во реформата на разузнавачките служби ВИДЕО

169

Со Меморандумот за разбирање кој попладнево го потпишаа премиерот Зоран Заев и директорот на Женевскиот Центар за демократска контрола на вооружените сили ДКАФ, амбасадорот Томас Гурбер се воспоставува рамка за стратешка соработка меѓу Владата на РМ и ДКАФ за остварување на добро управување во безбедносниот сектор на Република Македонија.

Заев по потпишување на меморандумот рече дека со ова се обезбедува поддршка за подобрување на владеењето и реформите во секторот за разузнавање и безбедност.

– Оваа соработка е клучна, пред се заради враќање на довербата на граѓаните во институциите, како еден од врнвите приоритети на Владата. Потпишувањето на денешниот меморандум за разбирање е важен печат за гаранција на контролните механизми утврдени со новиот законски пакет за реформи во разузнавачкиот систем.  Целта е темелно да се реформира системот на следење на комуникациите и концептот на работа на разузнавачките служби. Нема да се дозволи самоволно кршење на правата на граѓаните и се минимизира политичкото влијание врз можноста за незаконско и политичко мотивирано прислушување. Директор на ОТА ќе се бира со двотретинско и бадентерово мнозинство, а ОТА е гаранција дека никој нема незаконски да прислушува. ВРМ и МВР напорно работеа да создадат инклузивен процес во кој учествуваа сите – рече Заев.

Директорот на ДКАФ, амбасадорот Томас Гурбер честиташе на безусловната препорака за започнување на преговорите за челснтво во ЕУ.

– Чест ми е да го потпишам овој меморандум во името на ДКАФ. Ова е кулминација по долги разговори за поддршката за програмата за реформа на безбедносните служби во Република Македонија и разузнавањето. Особено е важно дека со ова оваа земја се носи еден чекор поблиску кон ЕУ. Со овој меморандум се формализира соработката на Владата и ДКАФ. Ќе го искористиме нашето знаење кое го имаме добиено во последните две години од реформи во западен балкан и пошироко. ДКАФ влезе во оваа програма за да ги направи луѓето државата посигурни и побезбедни преку поефикасни и потранспарентни институции, рече Гурбер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...