Потпишан Акциски план за развој на земјоделството помеѓу Северна Македонија и Кина ВИДЕО

421

Денеска имаме да соопштиме добри вести за нашата земја од 8-иот Самит на Шефови на Влади на НР Кина со земјите од ЦИЕ 16+1 којшто оваа година се одржува во Дубровник, Република Хрватска.Ја унапредуваме соработката со НР Кина и со земјите од ЦИЕ, посебно во областа на земјоделството, што ветува дополнителен напредок и развој на оваа наша стратешка економска гранка, изјави премиерот Зоран Заев од 8-иот Самит на Шефови на Влади на земјите од ЦИЕ и НР Кина 16+1.

– Отвораме нови перспективи за развој на македонското земјоделството. Во рамки на одржувањето на 8-иот Самит на Шефови на Влади на НР Кина со земјите од ЦИЕ 16+1 бевме прва земја потписничка на Акциониот план во областа на земјоделството помеѓу Народна Република Кина и Република Северна Македонија за периодот од 2020 – 2022. Овој Акционен план предвидува зајакнување на билатерална соработка во областа на земјоделството помеѓу НР Кина и Република Северна Македонија, трговија со земјоделски производи, економска соработка и рурален развој, соработка во земјоделските науки и информатичка технологија, како и соработка во областа на безбедност на храната, ветеринарните услуги и рибарството. Оваа зајакната соработка со НР Кина очекувам да придонесе кон зголемување на нашето земјоделско производство, подигнување на стандардите и голема шанса за извоз и пласман на нашите земјоделски производи во НР Кина – порача Заев.

Тој додаде дека од Самитот во Дубровник произлегуваат многу амбициозни планови и креативни иницијативи кои отвораат нови полиња на соработка помеѓу земјите од ЦИЕ и НР Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...