Шестгодишно дете е потешко повредено на регионалниот пат Хиподром-Јурумлери откако автомобил удрил во него.
Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено и задржано во комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Како што информира МВР, вчера околу 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистерски таблици управувано од Ј.И. (58) од Скопје удрило во дете на возраст од шест години на регионалниот пат Хиподром – Јурумлери, кај место викано „Дунек“.