Потерницата за напаѓачот на Села ѝ прави друштво на таа за Груевски ФОТО

443

МВР на својот сајт ја објави меѓународната потерница за Никола Војминовски осуден на 13 години и 6 месеци затвор. Неговата, се најде веднаш над потерницата за експремиерот Никола Груевски.

Војминовски беше осуден за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април 2017 во Собранието, а се наоѓаше во куќен притвор до правосилност на пресудата.

Информацијата дека е во бегство ја потврдија од Кривичниот суд во Скопје наведувајќи дека тој не бил пронајден во домот при рутинска контрола на полицијата.

Куќниот притвор на Војминовски му беше определен уште пред да се донесе пресудата, а откако истата се донесе обвинителот Дарко Јакимовски побара куќниот притвор да му се продолжи додека пресудата не стане правосилна. Судот ја донесе пресудата на 5 јули 2018 година и за таа да стане правосилна Апелацискиот суд во Скопје треба да се произнесе за жалбите на одбраната. Оттаму и по шест месеци сѐ уште нема одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...