Потврден 21 нов случај на коронавирус во Грција, досега вкупно 31

184
Од 24 анализирани сомнителни случаи, 21 се позитивни на новиот коронавирус во Грција и станува збор за лица кои патувале во Израел и Египет, заедно со 67-годишниот маж, за кој вчера имаше потврда дека е заразен со коронавирусот,  со што бројот на Потврдени случаи кај јужниот сосед се искачи на 31, јави дописничката на МИА од Атина.
Претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за новиот коронавирус и научен соработник во Националната организација за јавно здравје професорот Сотирис Циодрас, на прес конференција рече дека од 21 случај, девет лица се хоспитализирани, а останатите 12 се во домашна изолација.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...