Потврден притворот за осуммината за „Шпанските скали“

717

Кривичниот суд Скопје на денешната седница ги отфлри жалбите по изречената мерка притвор за осум лица кои беа приведени во петокот под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата за несовесно работење во службата во врска со „Шпанските скали“.

„Постапувајќи по жалби од осум лица, осомничени од Јавното обвинителство за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, поднесени против решенија на судија на претходна постапка од 28.06.2019 година, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница во присуство на странките. По разгледување и ценење на фактите и наводите на странките во постапката, Советот донесе решенија со кои ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка со кои за осумте лица се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и им се определува мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд – Скопје.

По наредба на надлежен јавен обвинител, во петотокот е спроведена истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата за несовесно работење во службата, при што со своите дејствија предизвикале штета на Буџетот од 2,6 милиони евра. Еден од осомничените е недостапан за органите на прогонот, а за две лица се изречени мерки за претпазливост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...