Потврден нов случај на бактеријата МРСА кај ученик во Бутел

150

Родителите на ученик од одсновното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел утрово известиле дека при брис е утврдено дека кај нивното дете и констатирана бактеријата МРСА, информира Телма.

Сомнителниот случај на заболено дете се проверува, а екипи на здравствениот инспекторат и центарот за јавно здравје се на терен за да ја утврдат состојбата изјавиле од ДЗСИ. Досега се потврдени вкупно 4 случаи на деца заболени од бактеријата МРСА, три во градинка во Чаир и едно во спомнатото основно училиште Панајот Гиновски.

Од Центарот за јавно здравје и од ДСЗИ апелираат до родителите да не прават непотребна паника бидејќи  МРСА не е болест, тоа е бактерија која може да предизвика инфекција, а не смртоносна болест. Згора на се велат од таму, се знае каде се пријавуваат вакви работи, не на социјалните мрежи каде што се шири паника и се прави тензија.

– Апелираме да не се прави паника. Нема никаква опасност, ситуацијата е под контрола на терен и се испитуваат сите случаи. Во Центарот за јавно здравје нема нови пријавени случаи – велат од таму.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...