Прв случај на коронавирус во Македонија

Се очекува министерот за здравство, Венко Филипче во 17 часот да ја информира јавноста подетално за случајот.

910

На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот случај на коронавирусот во Македонија.

Вкупно три лица биле тестирани за коронавирус на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип. Кај двете од нив резултатите се негативни, а третото било позитивно.

Се очекува министерот за здравство, Венко Филипче во 17 часот да ја информира јавноста подетално за случајот. Се работи за македонски државјани кои периодов допатувале од Италија, а на Инфективната клиника денеска се пријавиле сами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...