Потврда од Воено-морските сили на САД: Објавените снимки со НЛО се автентични 

2970

Видео снимките на кои американски воени летала пресретнуваат неидентификуван летечки објект се оригинални, изјавија  од Воено-морската служба на САД за изданието „Популар Механикс“.

Сепак, од воената служба наведуваат дека двата случаи, снимени во 2015 и 2004 година се „необјасниви воздушни појави“, без да се употреби изразот „НЛО“. Се додава дека овие снимки воопшто не требало да бидат објавени, но некако се појавиле на Интернет.

Во случајот од 2015 година, американскиот воен ловец „Ф/А-18Ф над источниот брег следел објект кој за стандардната авијација вршел нетипични маневри. Другата снимка е направена над брегот на Калифорнија, и на неа се слушаат коментари на пилоти за тоа од каде дошле некои објекти и какви се, некои од објектите постигале висина од 24 километри и се симнувале до 6 км, и на периоди исчезнувале од радарот.

Видео снимките претходно беа објавени од весникот „Њујорк тајмс“ и од групата „Старс Академија за уметност и наука“ која истражува НЛО и е основана од Том Делонг, поранешен член на музичката група Блинк-182.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...