Француското „не„ за доделување на датум за започнување на пристапни преговори за членство во ЕУ на Република Северна Македонија и Албанија ја разбранува домашната, европската и светска интелектуална и политичка јавност. Политичките, интелектуалните кругови, невладините организации, а посебно и граѓаните со големо разочарување го примија тој факт и ја изгубија довербата на европска перспектива на земјата поготово што до земјите кандидати од европскиот регион Западен Балкан преку перото на една невладина организација ESI (Европска Иницијатива за стабилност) им беше понудена една многу „бистра европска перспектива“ зачленување во Европски Економски простор, спорд примерот на Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.
Наспроти реалноста во Македонија, кај нашиот сосед Албанија страстите беа помирни и аналитичарите како и интелектуалната елита тој пораз не и го препишуваа на државата (Албанија) туку на нејзиниот премиер Еди Рама поради неуспехот на спроведување на листата на реформи испратени од германската влада до Рама.
Со цел да ја смират јавноста некои колумнисти изразуваат убедување дека нема ништо лошо во пристапувањето на таа зона, дека економски ќе просперираме како Норвешка (заборавајќи дека таа има петрол просперитет а Македонија парадајз просперитет!). Кога би било исто да бидеш членка на ЕУ или само членка на Европска Економска Зона, тогаш што би било лошо земјата да не биде членка на ЕУ а да ја прифати понудата на Русија за Евроазиска економска зона?!
Сметам дека создавањето на разни економски или други регионални организации не му служи на процесот на проширување на Европската Унија, туку напротив му штети на тој процес.
Спонзорираната идеја од една земја членка ја сметам спротивна на легалните норми на Договорите на Унијата, односно во спротивност со член 98 од Договорот од Париз 1951 год., каде е истакнато дека секоја европска земја може да пристапи кон Договорот како и член 49 и член 2 од Договорот на ЕУ (Маастрихт, 1993) каде се прецизирани условите под кои една европска земја може да стане полноправна членка на ЕУ.
Моделот на понуда на „привилегирано партнерство, како што порано Германија го нудеше на Турција, не може во никој случај да биде субститут на полноправно членство во ЕУ. Фактот што гореспоменатите земји не се членки на Унијата, а се дел на заедничкиот европскиот економски простор лежи во агрументот дека тие земји не изразиле волја за да бидат дел на политичките институции на ЕУ туку да соработуваат само на економски план, што не е случај со дводецениските стремежи на Република Северна Македонија за полноправно членство во Унијата.
Имено, Република Северна Македонија аплицирала за членство во ЕУ на 22 март 2004 година. На 17 декември 2005 Европскиот Совет на земјата ѝ додели статус на кандидат за членство во Европската Унија согласно член 49 на Договорот кој предвидува исполнување на условите за аплицирање за членство како и член 2 од Договорот на Европската Унија за прифаќање на европските вредности како што се почитување на човековиот дигнитет, слобода, демократија, рамноправност и правна држава, почитување на човековите права вклучувајќи и правата на лицата кои припаѓаат на националните малцинства, почитување на плуралистичкото општество и недискриминација, толеранција, правда, солидарност и раноправност меѓу маж и жена.
Земјите апликанти треба да ги исполнуваат и критериумите на ЕУ пропишани во Копенхашките критериуми од јуни 1993 год., како што се:
– Стабилни институции кои гарантираат демократија, владеење на правото,човекови права као и почити и заштита на малцинствата;
– функционирање на пазарната економија и капацитетот да се вклопи во натпревар со пазарната моќ на Унијата:
– способноста да ги презема и ефективно да ги имплементира обврските на членството, вклучувајќи ги тука политичките целите, економските цели и монетарната унија.
Согласно договорите на Унијата, ЕУ е економска и политичка унија на нејзините земји членки. Согласно тоа Република Северна Македонија аплицирала за кандидатски статус во 2004 год. со цел да стане земја членка на оваа економска и политичка унија.
Идејата на ЕСИ, неофицијално прифатена (или нарачана!) од Макрон е спротивна на стремежите на Владата и граѓаните земјата напоредно да стане член на економска и на политичка унија и така да зема активно учество во политичките институции на Европската Унија при донесување на одлуки за успешното функционирање на Унијата.
Македонија долгу години е земја кандидат и десет пати досега има добиено позитивна препорака за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Унијата. Препораките за започнување на преговорите со Унијата во мај 2018 и таа од октомври 20019 јасно покажуваат дека земјата ги исполнува сите барани услови за добивање датум за преговори, но за жал спротивставувањето на Макрон тоа го спречи.
Согласно договорите на ЕУ за добивање на статус на земја кандидат е потребна согласност од земјите членки на Унијата, но после тоа ЕУ одлучува за времето на приемот на земјите кандидати согласно нејзината моќ за апсорција на нови членки. Исто така Унијата согласно договорите не може да го укине кандидатскиот статус но може да го оддолжи приемот преку клаузулата неисполнување на условите за членство.
Сметам дека создавањето на разни економски или други регионални организации не му служи на процесот на проширување на Европската Унија, туку напротив му штети на тој процес.
Декларацијата на Самитот од Солун во 2003 год. како и Солунската агенда ја истакнуваат на прв план европската перспектива на земјите на Западен Балкан и создавањето на регион за економска соработка меѓу тие земји.
Република Северна Македонија веќе е членка на економски региони создадени од Унијата и нема потреба да се зачленува во други паралелни региони. СЕFТА, Процесот на економска соработка на југо-источните земји ( SEECP) Берлинскиот процес се доволни за успешна меѓусебна економска соработка на земјите кандидати и аспиранти на Унијата и не се потребни други организации и сметам дека земјата нема потреба да членува во разни европски економски зони, креација на разни тинк тенкови по нарачка на одредени политички кругови.
,