Постудено со дожд од четврток

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 10 до 17 степени.

219

Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има в четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 10 до 17 степени.

Од УХМР информираат дека утре ќе се задржи претежно сончево време, а в среда облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се движи од минус 2 степени до 6 степени, а дневната 19 до 26 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...