Постигнат договор меѓу Заев и Беса за уставните измени

759

Постигнат е договор помеѓу Беса и премиерот Зоран Заев, потврдија за Плусинфо од партијата на Билал Касами. Засега нема детали што е компромисното решение, но ова ќе значи дека набрзо претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја продолжи седницата за уставните измени.

Неофицијално договорот е во делот на државјанството, односно етничката припадност ќе биде вметната најверојатно во законот за лични карти, а не и во уставниот закон, како што бараше Беса.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...