Расположението во Советот на јавни обвинители оди кон тоа тие да не бираат вршител на должнист во СЈО туку евентуално да поведат постапка за разрешување на Јанева и топката да се префрли во Собранието, кое го формираше СЈО, пренесе телевизија Телма.
Размислувањата на мнозинството од членовите биле во насока на тоа дека законот за СЈО не му дава можност на Советот да назначува вршител на должност. Ваков став досега јавно обелодени претседателот на Советот, Коле Штерјев.
За разлика од него, државниот обвинител Јовески, кој е член на советот по функција веќе се изјасни дека советот има надлежност да назначи в. д шеф на СЈО, повикувајќи се на одредбите од законот за јавно обвинителство, но тој не присуствуваше на вчерашната седница, а неизвесно е неговото присуство и утре.
Утре на членовите на советот им останува да гласаат дали да започне постапка за разрешување на специјалниот обивнител. Доколку сметаат дека Јанева незаконито, нестручно и несовесно ја вршела функцијата, согласно чл 18 од законот за СЈО, Советот треба да достави извештај за разрешување до Собранието. Овој извештај прво поминува на комисија за избори и именувања, а во согласност со четирите најголеми партии, Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител со двотретинско мнозинство кој се испрака назад во Советот на јавни обвинители.