Последните должности на Хари како член на кралското семејство

253

Британскиот принц Хари денеска во шкотската престолнина Единбург учествува на конференција посветена на туризмот, што е една од последните негови учества во јавните задолженија на британското кралско семејство.

Војводата и војвотката од Сасекс – принцот Хари и неговата сопруга, Американката Меган Маркл во јануари најавија повлекување од нивните должности како членови на кралското семејство и оти повеќе време ќе минуваат во САД, со цел да бидат финансиски независни.

Хари и Меган официјално на крајот на март ќе се повлечат од канцелариите во Лондон. Заедно со синот Арчи тие веќе неколку седмици се наоѓаат во Канада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...