Поскапеа патарините во Србија, од Ниш до Белград – 900 српски динари

547
ФОТО: Pexels / Бесплатна фотка / не пишувај ова не мора

Патарините во Србија од денеска поскапуваат за 12 отсто. Од седум часот утрово во Србија се во сила нови цени на патарините на автопатиштата.

Ценовникот со детален приказ на новите цени по делници е поставен на сајтот на „Патишта на Србија“.

Патарината претходно во Србија поскапе на 7 јануари 2017 година за 10 отсто.

На автопатот Белград – Ниш во зависност од категоријата на возилото патарината чини од 450 до 5.140 динари. За автомобили на таа делница патарината изнесува 900 динари, а од Ниш до Прешево – 600 динари.

Кога станува збор за автопатот кон Хрватска, во зависност од категоијата на возило за патарина од Белград до Шид треба да се издвојат од 410 до 2.530 динари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...