Одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска од 18 до 23 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот Тодор Проески во Скопје со почеток во 20 часот.
Како што соопшти денеска МВР, ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот Илинден, улиците Аминта 3-ти и Наум Наумовски – Борче.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.