Министерството за внатрешни работи најавува дека утре во 19 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе има посебен сообраќаен режим.
Протестот ќе биде со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата “Даме Груев“, право по улицата “Васил Главинов“, право по булеварот “ВМРО“, лево по булеварот “Илинден“ до пред зградата на Влада на Р.Македонија.
Од тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.