Лука Трапанезе (41), кога слушнал дека девојчето Алба го одбиле 20 семејства да го посвојат зашто имало Даунов синдром, решил да ѝ овозможи дом.
Откако тој објави книга во која тој го опиша својот живот со девојчето Алба, неговата животна приказна што се разбива многу „стереотипи за татковството, семејството и религијата“ станала вирална.
Отсекогаш сонувал да биде татко и прво сакал да посвои дете со своето момче, но тој план пропаднал кога раскинале. Закони во Италија се строги и не дозволуваат на самци да посвојуваат деца.
Лука е од Неапол, вели дека е геј и католик и често зборува за посвојување деца од страна на хомосексуалци. Тој тврди дека ја посвоил Алба поради желбата да има семејство.
Како што вели, неговиот пријател од детството страдал од рак, па затоа е свесен дека грижата за Алба ќе биде различна, но тој е подготвен на сè.
– Кога имав 14 години, мојот најдобар пријател откри дека има рак во терминална фаза. Одлучив да не го напуштам. Отидов во болницата со него и му помагав со домашните задачи. Јас бев таму кога и да му требав – изјавил тој за Би-би-си.
Лука останал со пријателот до крајот.
– Иако бевме деца, двајцата бевме свесни за трагичната состојба – рекол тој, додавајќи дека заради смртта на Диего, тој разбрал што значи да се живее со болест.
Тој почнал да волонтира во црква во Неапол, помагајќи им на болните и на децата со посебни потреби. Тој планирал да стане свештеник, но сфатил дека нема да биде ништо кога се вљубил во друг човек. Ја напуштил цркватаи и 11 години бил во врска со маж.
Размислувале за заедничко посвојување дете, а откако раскинале, Лука сè уште го посакувал тоа. Откако законот се сменил во 2017 година и била донесено одлука хомосексуалците да може да посвојуваат, Лука решил да се пријави како посвоител. Тој не се откажал кога му било кажано дека ќе добие дете со пречки во развојот или со болест. Истата година му било кажано дека Алба, која во тоа време имала само 30 дена, барала дом.
Тој веднаш се согласил, и како што вели, веднаш штом ја зел в рацете, ја прифатил како ќерка.
Алба е во неговиот дом дошла кога имала само 13 дена, и дотогаш веќе била одбиена од 20 семејства.
Девојчето сега има 18 месеци и Трапанезе вели дека таа сака да си игра и да запознава нови луѓе.
– Сега живеам за неа – рекол Лука, додавајќи дека е горд што е нејзин татко.
FOTO: Instagram/Printskrin