Португалската полиција заплени над еден тон кокаин

Сите уапсени се странски државјани на возраст од 36 до 64 години.

114

Португалската полиција заплени повеќе од еден тон кокаин во вредност од околу 49 милиони долари и уапси седум лица на бразилски рибарски брод на отворено море во близина на Португалија со поддршка на поголем број меѓународни агенции, соопштија денеска властите.

„Полицијата на бродот пронашла 50 вреќи со кокаин наменет за пазарот во континентална Европа, во посебно дизајниран и тешко пристапен дел на бродот“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се додава дека  „сите уапсени се странски државјани на возраст од 36 до 64 години“.

Акцијата под шифра „Бел песок“ почна откако беа разменети информации помеѓу португалските и бразилските власти, а беше помогната од американската Управа за борба против дрога (ДЕА) и британската Национална агенција за криминал (НЦА).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...