Португалија домаќин на првото финале во Лигата на нациите

97

Португалија ќе биде домаќин на првото издание на финалето на Лигата на нациите –  објави УЕФА на својата официјална веб-страница.

Тоа се случи откако европскиот шампион стана првиот тим што се квалификуваше за финалето со ремито 0:0 против Италија. Така, „морнарите“ ја освоија групата 3 во дивизија А, каде што трет е тимот на Полска.

Токму овие три земји изразија желба да бидат домаќини на финалните натпревари, а Португалија го освои ова право со пласман за нив.

Стадионите кои можат да прифатат натпревар се во Порто и Гимараеш, а доделувањето на организацијата ќе биде официјализирано на 3. декември, кога има средба на управното тело на евроцентралата.

Финалните дуели на турнирот ќе се одржат помеѓу 5. и 9. јуни 2019 година, а во нив учество ќе земат четирите победници од групите во дивизија „A“.

По последните натпревари од групната фаза денеска и утре ќе стане јасно кои три екипи ќе се приклучат на домаќинот Португалија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...