Менуваше калливи обувки со чисти, кога доаѓаше од околината – на провод во град.
Се претставуваше како Мими а се викаше Милева.
Не гледаше телевизија оти сериите ѝ имале прекомплициран, неразбирлив заплет. Ја збунувале и потоа ја болело глава.
Дедо ѝ, кој умрел од мачење во бугарски затвор, го прогласи за Бугарин за да добие бугарски пасош.
Се омажи за Белгија или Франција, не знам точно…
Се врати во Македонија, оти во Германија се случува превработеност… особено во нејзината струка – проституција. Ќе умреше од беда, ако еден Албанец не ѝ купи билет за назад. Не бараше ништо за возврат, само, кога ќе стаса, и од него да ја бакне земјата во која се родиле, домот – Македонија…
Кога се врати, она Мими го смени во Македонка.
Во груевистичките штабови просперираше со својата „професија“, таму не беа толку пребирливи…
Како што е нормално за секоја демоН-христијанска проститутка, стана голем верник, мразеше „шиптари“, не пропушташе митинг на Грујо. Дури го истетовира неговиот лик на газот…
Со надгробен крст со името на Заев, даде „интервју“ за вести на Алфа!
Често ми пишуваше дека лично ќе ме обеси на плоштад.
Сега работи во циркусот „Бојкотирам“.
Држи срцепарателни говори за големиот старо-грчки војсководец Александар Велики и за губење на идентитет. Говорите ги завршува со „Европа е курва“!?!?
И сѐ уште не е свесна – дека идентитетот мошне лесно, дури и задолжително, се губи, кога срамејќи се од тоа што си – ги менуваш обувките на коцката кај „селската автобуска станица“…, а не ако на името на својот Дом се додаде „северна“.
Не сфаќа, целото тоа „друштвенце“ тоа не го разбира, а не го разбираат оти го немаат идентитетот (она што е душата на идентитетот) во себе – го изгубиле, или го продале – а при тоа, не ни знаеле што продаваат.
Идентитетот е длабоко внатрешно самочувствие за себе самиот, мнозинство од такви самочувствија е идентитет на еден народ!
По мене: Тој кој мисли дека може да се изгуби идентитет, тој веќе го има изгубено, продадено, заборавено… Таквиот се срами од кондурите во кои го минал целиот свој живот!