Портпаролот на Владата тврди дека химната нема да се менува, а вчера немало време да се интонира

328

Химната во ниту еден момент не била, ниту ќе биде спорна, ниту ќе се менува, дециден беше владиниот порпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конфернција на која одговараше на новинарско прашање зошо вчера не беше интонирана македонската химна на пречекот на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Скопје.

Бошњаковски и денеска ја повтори вчерашната изјава дека немало време за одржување свечен пречек во кој би биле вклучени и други активноси освен интонирањето на државните химни на двете држави, поради доцнење на авионот на Ципрас.

– Химната останува иста и текстуално и инструментално. Ниту некогаш се разговарало химната да претрпи измени, ниту за тоа ќе се разговара. Вчера поради доцнење при слетување на авионот со грчкиот премиер Алексиск Ципрас беа изоставени сите свечени активности при дочекот, кои вклучуваат гарда, поставување цвеќиња и интонирање на химната, меѓу другото, и пред Владата за да се добие на време – додаде Бошњаковски.

Тој објасни дека Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз националната химна и наведе неколку настани по потпишувањето на Преспанскиот договор кога националната химна била интонирана пред официјални грчки претставници како што беше кревањето на знамето на НАТО пред зградата на Владата.
Во контекст на тоа додаде дека истото се случи пред неколку дена на Националниот ден на Република Грција на прием организиран од грчката Амбасада каде беше интонирана нашата химна.
– На спортски натпрервари како што беа квалификациите во Грција за Европското ракометно првенство нашата сениорска репрезентација играше во Грција, каде се интонираше нашата национална химна. Ова се примери кои укажуваат дека химната ниту била спорна, ниту ќе биде спорна – рече владиниот портпарол.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...