Портпаролката на руското МНР се пофали со необичен подарок ФОТО

Захарова на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од необична трикатна торта што ја добила како подарок.

1641

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска го слави роденденот.

Во таа прилика, Захарова на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од необична трикатна торта што ја добила како подарок.

Следбениците во коментарите ѝ честитале и ѝ посакале сè најдобро, но некои од нив оваа торта, поради куклата на врвот што ја претставува Захарова, ја прокоментирале како малку морбидна.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...