Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Максималната температура ќе се движи од 19 до 28 степени Целзиусови.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утре и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.