Порошенко потпиша указ: Воена состојба до 25 јануари

183

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска потпиша указ за одлуката на Советот за национална безбеднос и одбрана за воведување воена состојба во Украина до 25 јануари 2019 година.

– Да се активира одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана од 26 ноември 2018 за вонредни мерки за обезбедување на државниот суверенитет и независност на Украина и воведување на воена состојба во Украина – стои во документ објавен на сајтот на украинскот претседател.

Указот треба да го потврдат и пратениците во Врховната Рада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...