Порно ѕвезда со нож го избоде своето момче, за кое тврди дека ја изневерувало

Шерил Марфи, позната како Бриџит д Миџит и Бриџит Паурс, наводно влегла во дом на непозната жена и на спиење го избодела Џеси Џејмс, за кого тврди дека е нејзино момче.

676
ФОТО: Метро

На порно ѕвезда ѝ се закануваат над 15 години затвор, откако наводно со нож го избоде своето момче кога го фатила со друга жена, пренесува „Метро“.

Шерил Марфи, позната како Бриџит д Миџит и Бриџит Паурс, наводно влегла во дом на непозната жена и на спиење го избодела Џеси Џејмс, за кого тврди дека е нејзино момче.

Таа е уапсена откако соседите слушнале врескање и откако била видена како го крши прозорецот.

– Немам повеќе што да изгубам, Џеси. Ти ми зеде сѐ – рекла таа на видео снимка.

Потоа Марфи додала „има крв насекаде, ве молам повикајте полиција“.

Кога дошла полиција, некаде после 2.30 по полноќ, таа го признала злосторството.

– Моја вина е. Јас го направив тоа. Треба да одам во затвор – кажала порно ѕвездата.

На прашањето дали е тоа нејзиниот дом, Марфи одговорила дека не е.

– Не е, таа се обиде да го убие моето момче – извикала другата жена.

Според зборовите на другата жена, Марфи се обидела да ја избоде и неа.

За среќа, Џејмс не добил посериозни повреди, па бил пуштен на домашно лекување.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...