Порно актерка од американската држава Ајдахо, Катрина Данфорт (32) признала на суд дека изнајмила човек за кого мислела дека е плартен убиец за да го убие нејзиниот поранешен партнер, татко на еден од нејзините синови, пишува „Дејли мејл“.
Разведената порно-актерка, позната под уметничкото име Лин Плезнт или Лин Пешн што ги користи на порнографските видеа, сега може да добие казна затвор од 10 години и парична казна од 250.000 долари, по што три години ќе биде под надзор на властите. Таа признала дека сакала да биде ликвидиран таткото на еден од нејзините синови со иницијали Р.Х.
За својата намера разговарала со една личност, кој ѝ дал телефонски број од наводно платен убиец, за кого подоцна се утврдило дека е прикриен полициски службеник. Данфорт се договорила да се сретне со „убиецот“ на 22 октомври 2018 и му понудила 5.000 долари за да го убие поранешниот сопруг.
Рекла дека не ѝ е важно дали некој друг ќе настрада при убиството, само да внимава нејзините деца да не настрадаат. Потоа уште три пати разговарала со прикриениот полицаец и во декември му дала 2.500 долари, со тоа другата половина да му ја даде по извршеното убиство.
Таа е уапсена во јануари годинава, на аеродормот во Вашингтон, кога се враќала од осумдневниот одмор од Хаваи.
FOTO: Instagram/Printskrin