Американскиот бизнисмен Хари Мортон, познат по врските со бројни холивудски актерки, почина на 38-годишна возраст.
Тој беше сопственик на познат синџир ресторани, а на јавноста ѝ беше познат по наводната врска со пејачката и актерка Линдзи Лохан (33).
Линдзи и Хари никогаш не потврдија дека биле во врска, иако се гледале и се дружеле.
И покрај сè, актерката сепак избра да се збогува од бизнисменот и да сподели емотивна порака со следбениците на Инстаграм.
„Најдобар пријател. Најдобар живот“, напиша актерката под нивната заедничка фотографија.
Лундзи се шпекулира дека е шокирана од смртта на нејзиното поранешно момче, кого го запознала на својот 20-ти роденден.
Покрај врската со Линдзи, Мортон е познат и по тоа што бил во врска со актерката Деми Мур, музичката ѕвезда Бритни Спирс и богатата наследничка Парис Хилтон.
– Скршени сме поради смртта на Хари. Беше визионер и претприемач пред своето време. Нашите мисли се со неговото семејство – се простиле од бизнисменот вработените во неговите ресторани, чиј сопственик Хари бил 20 години.
FOTO: Instagram/Printskrin