Поранешни вработени во Твитер обвинети во САД за шпионажа

39

Двајца поранешни вработени во Твитер и еден Саудиец се обвинети во САД за шпионажа на таа социјална мрежа во корист на Ријад.

Али Алзабарах, Ахмад Абуамо и Ахмед Алмутаири се „саудиски агенти“, се вели во изјавата на федералниот обвинител на Калифорнија, Дејвид Андерсон.

– Обвинетите пребарувале системи на Твитер за да добијат информации од противници на саудиските власти и за илјадници други корисници на социјалната мрежа – рече Андерсон.

Абуамо беше уапсен во Сиетл, додека другите двајца се верува дека се во Саудиска Арабија.

Ахмед Алмутаири се сомничи дека бил врска меѓу двајцата техничари на Твитер и саудиската влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...