Поранешниот љубовник на Џорџ Мајкл: Спијам на улица, ми го земаа клучот

Деновиве, новинарите му приоѓале на улица и биле шокирани што тој негирал дека е поранешен партнер на Џорџ Мајкл.

4562

Фади Фаваз (46), поранешниот љубовник на починатиот музичар Џорџ Мајкл, наводно станал бездомник кога се иселил од хотел вреден 49 фунти за ноќ, откако бил избркан од куќата на Џорџ во вредност од пет милиони фунти, пишува британски „Сан“.

Фади е поранешен фризер која работел со некои од најголемите ѕвезди во светот на денешницата, а се вселил во еден од лондонските хотели, откако наводно ги искршил прозорците пред еден месец на имотот на луксузниот имот „Реџент“ каде што живеел. Тој беше уапсен и под сомнение дека сторил кривично дело и му нанел голема материјална штета на домот на музичарот, чие семејство преземало правни чекори за да го отстрани од имотот.

„Поминаа три години од смртта на иконата на Џорџ Мајкл и адвокатите сè уште не решиле ништо, така што последните неколку дена спијам на улица во Ковент Гарден наместо да бидам во мојот дом. Тие ми го зедоа клучот користејќи трик што го смислија и сега два месеци подоцна, сè уште немам никакви новости и вести“, напишал тој во статусот на својот профил на Фејсбук, со што ги известил пријателите дека станал бездомник.

Деновиве, новинарите му приоѓале на улица и биле шокирани што тој негирал дека е поранешен партнер на Џорџ Мајкл.

– Јас не сум Фади, жал ми е што морам да ве разочарам. Трагично е дека она што му се случи на Џорџ, тоа е голема загуба, но јас навистина не го познавав. Јас, всушност, никогаш не сум го ни запознал – изјави тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...